ЈАНКУЛОВСКА НА РАСПИТ ВО СЈО

Сподели

Gordana-Jankuloska-raspit-SJO1

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска во 13 часот пристигна во Специјалното јавно обвинителство.

Пред да влезе таа не даде изјава за медиумите, но најави дека тоа ќе го стори по распитот.

Јанкулоска е осомничена во случајот „Тврдина“ што СЈО го отвори за уништувањето на опремата од незаконското прислушување, како и во случајот „Титаник“ за изборни манипулации.

Во СЈО денеска е и Тони Јакимовски,  второосомничен во случајот „Тврдина“. Тој беше еф на кабинет на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков.