Вести Македонија Топ теми

Јанушев: Каменуван штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Сподели:

Вчера беше нападнат и кукавички каменуван централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, инфрмира генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев.

-Нападот на ВМРО-ДПМНЕ е акт на насилство и вандализам, но и напад на сите оние кои ги штитат македонските национални интереси. Индициите за ова говорат дека одговорни за ваквиот напад е структури биски до власта, по принципот на Шарената револуција. На што го темелиме ваквото убедување? Веќе подолг период ВМРО-ДПМНЕ предупредува дека власта предводена од Зоран Заев има насилно сценарио спроведувано од свои инсталации и полициски структури чија цел е да го турне ВМРО-ДПМНЕ во насилство како би можело полесно да се делегитимира нашата борба против капитулацијата на Заев во договорот со името, истакна Јанушев.

Тој оценува дека власта преку овие и слични провокации посакува нов 27-ми април каде Заев би се прикажал за жртва, а ВМРО-ДПМНЕ би била оцрнета.

-Првиот  таков неуспешен пример беа насилните протести пред Собранието, каде за жал, колатерална штета беа недолжни граѓани, жени и деца. Тоа е целта и на вечерашниот напад за кој е многу веројатно дека ќе сака да се прикаже како наводно незадоволство на незадоволниците од ВМРО-ДПМНЕ, а впрочем вистинската одговорност лежи во оние кои ја имаат власта. ВМРО-ДПМНЕ има прецизни информации за оперативци од полициските структури кои финансираат и подбуцнуваат насилство кое треба да се насочи кон ВМРО-ДПМНЕ, истакна Јанушев.

Сподели: