Вести Изјави Статуси Ударни вести

Јанушев: СЈО е клинички мртво, со разрешувањето на Јанева ќе биде и de facto мртво!

 

На својот ФБ профил генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев објави стасус во кој вели дека СЈО е клинички мртво, со разрешувањето на Катица Јанева ќе биде и de facto мртво!

 

Дечки, вчера ви кажав дека нема да ви пројде ова, затоа најдобро ви е да се помирите со фактот дека СЈО е клинички мртво, со разрешувањето на Катица Јанева ќе биде и de facto мртво!, вели генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

-Или, можеби сепак ќе го почекаме 15 Септември, па со завршувањето на мандатот да си заминат во историјата како еден од најнеуспешните експериментални и секако против уставни облици за институционален политички прогон на опозицијата и „легализиран” облик на државен рекет од страна на Зоран Заев и СДСМ!, пишува Јанушев на Фејсбук и додава:

„А да, да потсетам и дека „пуштањето низ вода“ и обидот за „контрола на штетата“ (damage control) е веќе пуштен на најјако. После срамните и надвор од памет изјави на Зоран Заев, па Пендаровски, Димитров … еве ги сега и првите соработници на Катица Јанева се оградуваат со патетични изјави во стилот “ние никогаш не сме ни биле блиски, абре одвај се познаваме, по едно добро утро само во ходник си разменувавме”. Патетики! Прочитани сте! Пада Влада!“.

ФБ статус, Игор Јанушев

Сподели: