Јанушев: Власта со референдумското прашање ги гази законите

Сподели

Свесни дека договорот е штетен за државата и граѓаните и свесни дека е спротивно на волјата на граѓаните, парламентарното мнозинство се обидува со сила, без прифаќање на аргументите на опозицијата да протурка прашање кое е безсмислено и повеќезначно, обвини Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече дека се врши „брутално газење на воспоставената демократска практика“ било кое референдумско прашање и неговото формулирање да биде донесено по пат на заеднички конзензус со релевантите политички субјекти.

-ВМРО-ДПМНЕ во тој процес не ја прифати улогата да биде алиби на власта и единствено за декор, туку со аргументи дебатиравме дека прашањето мора да биде еднозначно. Напуштањето на оваа пракса значи продолжување на самоволието на власта, непочитување на волјата на граѓаните и уште еден силен удар на демократијата од оваа недемократска влада – порача генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Јанушев, референдумското прашање не е јасно и недвосмислено, како што пропишува член 15 на законот за референдум, туку бидејќи се поврзува со други теми, може да ги збуни гласачите.

– Тоа е исто како да поставите прашање дали сте за просечна плата од 500 евра за секое семејство и 1.500 евра за докторите, поддржувајќи ги бизнисите од аферата криминални иновации со кои пари добиваат фирмите на Анѓушев, Локвенец, Ласкова и останатите функционери на СДСМ – рече Јанушев.

meta.mk