Меѓународна конференција за спречување на перење пари и финансирање на тероризам

Сподели

Во организација на Академијата за банкарство и информатичка технологија од Скопје, денеска ќе се одржи првата меѓународна конференција за спречување перење пари и финансирање на тероризам.

На конференцијата најавено е присуство на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, обвинителката од СЈО Ленче Ристовска, претставници од МВР, Управата за безбедност и контраразузнавање, практичари-експерти со долгогодишно меѓународно искуство од Израел, како и научни работници и професори од Факултетот за безбедност во Скопје.