Јога сесија на културното лето „Cult+Alt+Repeat“

Сподели

 

Во среда, 17 август, со почеток во 19 часот, во рамки на културното лето „Cult+Alt+Repeat“ во дворот на Младинскиот образовен форум и Радио МОФ ќе се одржи јога сесија со Весна Видовиќ Петков.

 

 

Весна Видовиќ Петков е сертифициран Хата јога инструктор, а својата љубов кон јогата ја открива во тинејџерските години. За јогата вели дека истата е дисциплина каде што се вежба духот и се пронаоѓа внатрешниот мир.

Во средина на работната недела, ви нудиме можност да дојдете повторно во дворчето на МОФ и Радио МОФ и да се опуштите со јога сесија, да ја отфрлите негативната енергија и да уживате во медитациите.

 „Cult+Alt+Repeat“

Второто издание на културното лето „Cult+Alt+Repeat“ започна на 4 август и ќе трае до 31 август. Преку културното лето, МОФ и Радио МОФ се стремат да го подигнат нивото на информираност на младите, да обезбедат простор за младинска и културно дружба и развој на активизмот.

Веруваме дека овој настан ќе ја зголеми културната програма во државата и ќе обезбеди алтернативно место за младите луѓе.

Младите низ повеќе настани имаат прилика да се социјализираат, меѓусебно да се запознаат, да слушаат квалитетна музика од домашни артисти, да научат да цртаат, да дизајнираат на некоја дигитална алатка, да креираат уметност со примена на реупотреблив дизајн, да проследат актуелен филм и да се опуштат со јога.