ЈОВЕ КЕКЕНОВСКИ СО ЈАВНА РЕАКЦИЈА НА ИНТЕРВЈУТО НА ПОПОВСКИ

Сподели

Jove-Kekenovski-1200x630

ЈАВНА РЕАКЦИЈА НА ИНТЕРВЈУТО НА ПОПОВСКИ – МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
,,Со Грција сме согласни да не разговараме за името” – http://plusinfo.mk/…/poposki-so-grcija-sme-soglasni-da-ne-r…

 

Господине Министре Поповски,
Преговорите за името се надвор од сите морални и правни норми и навлегуваат во областа на неотуѓувите права. Изборот на името на државата е строга внатрешна јурисдикција на граѓаните на една држава. Проф. Игор Јанев досега во повеќе наврати јавно изјави дека при приемот на нашата држава во ОН ни се поставени незаконити, без правна основа, дополнителни два услови за прием и тоа: 1). привремена деноминација на името односно референца за употреба во рамките на ОН и 2) прифаќање преговари со Грција за сопственото име !?
Значи Република Македонија неоправдано и неправедно е доведена во нерамноправна положба во однос на другите држави како во постапката за прием, така и после приемот. На тој начин во однос на Р. Македонија повреден е принципот на „суверена еднаквост” на државите, содржан во став 1 од член 2 на Повелбата на ОН. Односно при донесувањето на Резолуцијата 817/1993 на Советот за безбедност и резолуцијата 47/225 (1993) на Генералното собрание повредени се членот 4, став 1, како и членот 2, ставови 1 и 7 од Повелбата на Светската организација, од што произлегува дека грчките ставови во врска со името на Македонија не се правно засновани.
Според принципот на суверена еднаквост на државите (член 2, став 1 на Повелбата) и принципот на неповредивоста на правната личност на државата, (содржан во „Декларацијата за принципите на меѓународното право кои се однесуваат на пријателските односи и соработка меѓу државите, согласно со Повелбата на ОН”) државата има неотуѓиво право на самостоен независен избор на своето име.
Наметнатиот и илузорен спор и ,,проблем” од политички е пренесен на правен терен.
Затоа Република Македонија треба да вопостави нова релација на директни односи со ОН и да ги употребиме сите правни и политички средства за исправање на неправдата која ни е нанесена. Потребно е максимално да го искористиме широкиот спектар на правни и политички средства кои ни стојат на располагање. Професор Игор Јанев јавно ви понуди два основни модалитети на дејствување (политички и правен) со кој се гарантира позитивен исход во наша полза.
Зошто не го сторите тоа г-дине Поповски? Кому му одговара оваа статус кво ситуација?

Проф. Јове Кекеновски