ЈП Лајка ќе го прослави петтиот роденденот на еден весел, емотивен и несекојдневен начин – заедно со вдомените кучиња, сегашните штитеници, децата и сите љубители на животни, во кафе бар Собрание, на 18.10.2025
“-Изложба на кучиња од Лајка кои бараат дом
-Вдомени и посебни – натпреварувачка изложба на миленици во категории:
• Најубава женка
• Најубав мажјак
• Куче и дете
Ве охрабруваме да ги пријавите сите миленици – без разлика на нивната големина, возраст или хендикеп. Веруваме дека токму различноста носи најмногу убавина, па ќе ја цениме секоја посебност и креативност. Изложба на ученички цртежи – кучињата од ЈП Лајка замислени во нови домови, низ очите на децата. Работилница со Шепализа – цртање директно на платно со инспирација од кучињата на Лајка. Избор за најсмешна слика од миленик (одбираме од социјални мрежи), Роденденска торта, Музика, фотографирање и многу дружење! Победниците во натпреварувачките категории и активностите ќе добијат специјални награди од нашите спонзори”, информираат од ЈП Лајка.
За учество потребно е пријавување преку формата
https://forms.gle/xTqPjXQXPh7acsYv7


