ЈП ЛАЈКА повикува на ДОНАТОРСКА ЗАБАВА за подобрување на условите на бездомните кучиња

Сподели

 

Прифатилиштето на ЈП ЛАЈКА – Скопје, во соработка со активистите и Здруженијата за заштита на животни – Скопје, ги поканува сите граѓани, љубители на кучиња, пријатели и соработници на ЈП ЛАЈКА на ДОНАТОРСКА ЗАБАВА оваа сабота во Цреша Бар.

 

 

Целта на овој отворен настан е да се обезбедат донации за подобрување на условите за бездомните кучиња згрижени во прифатилиштето на Лајка.

Потребни се: ќебиња, тањирчиња, околувратници, поводници, играчки, креветчиња, шампони, прашаци за перење,универзални средства за чистење, кофи, лопатчиња, четки за чистење, информираат од ЈП Лајка.