Алтернатива Настани

ЈП Лајка утре организира ОТВОРЕН ДЕН

Сподели:
 
Поради големиот интерес и желба на граѓаните да волонтираат и да  се дружат со кучињата коишто се згрижени во прифатилиштето за бездомни кучиња, ЈП Лајка организира ОТВОРЕН ДЕН, утре (сабота 14.05.2022год) од 11:00 до 15:00 часот. 
 
На овој отворен ден пријавените волонтери ќе имаат можност во паркот на милениците да се дружат, односно да играат, хранат, бањаат и  да ги чешлаат кучињата од  Лајка.
 
Воедно, ЈП  Лајка  ги поканува и оние граѓани што  планираат или размислуваат да вдомат куче својот миленик да го изберат од  нивното прифатилиште. 
 
На отворениот ден посетителите и потенцијални вдомувачи на куче   ќе имаат можност да се запознаат подобро со кучињата за кои се заинтересирани и да ги добијат сите детални информации и одговори на нивните прашања. 
 
Од ЈП Лајка најавуваат дека  отворените денови  планираат да ги  организираат  еднаш во текот на секој месец, со цел да ги доближат граѓаните до нивната  работа, а истовремено да ги поттикнат  сите оние што сакаат да вдомат бездомно куче.
Сподели: