ЈП Водовод и канализација со апел до граѓаните, да не крадат капаци од шахти

Сподели

 

ЈП Водовод и канализација – Скопје известува дека на Булевар “Илинден”, Булевар “8-ми Септември” и ул. “Карпошево Востание”, украдени се капаци од шахти и решетки од сливници.

Од страна на ЈП Водовод и канализација – Скопје во најбрз можен рок истите ќе бидат заменети.

Случајот е документиран и пријавен во полициската станица во  Карпош.

Воедно од ЈП Водовод и канализација упатуваат апел до јавноста и граѓаните, да не се крадат капаци решетки од улиците, бидејќи на тој начин се загрозува безбедноста на граѓаните и учесниците во сообраќајот.