ЈСП: Измени на режимот на јавен превоз утре и во понеделник

Сподели

 

ЈСП ги известува граѓаните дека утре поради муслиманскиот верски празник Курбан Бајрам, линиите 11, 11А, 47А, 55, 55Б, 56, 56А и 160 ќе сообраќаат по неделен воен ред.

Во понеделник, 3. август, поради државниот празник Илинден (Ден на Републиката), јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.

Дежурни ќе бидат три билетарници. Од 7 до 19.30 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар и Зелено пазарче, а билетарницата во Ѓорче Петров ќе работи од 7 до 13 часот.