Вести Изјави Македонија Топ теми Ударни вести

Ковачевски: Ветивме дека ќе се избориме да ги задржиме клучните црвени линии за кои Собранието усвои консензуална Резолуција

Сподели:

 

“Денешниот состанок е прв од низата средби преку кои го започнуваме и водиме широкиот консултативен процес со нашата јавност.
 
Предлогот го гледаме како солидна основа за градење сериозен, одговорен и државнички став за можноста која се отвора за нашата земја”, изјави премиерот Ковачевски.
 
“Ветивме дека ќе се избориме да ги задржиме клучните црвени линии кои со месеци ги повторуваме и за кои Собранието усвои консензуална Резолуција.
 
Процесот за носење конечна одлука е транспарентен и ние ќе споделиме и со јавноста релевантни детали. Целиот предлог е објавен на веб-страната на Владата. Но, од нас најмногу зависи како ќе тече и во која насока ќе се движи тој процес.
 
Одлуката за нашата иднина ќе ја донесеме заеднички, согласно стратешките интереси на земјата и на сите граѓани.”
Сподели: