Јубилејна награда од Филозофскиот факултет за Собранието

Сподели

 

Денес Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија на покана на Деканатот на Филозофски факултет, при Универзитетот Кирил и Методи во Скопје, имаше чест да ја прими во име на Собранието на Република Северна Македонија јубилејната награда во вид на Статуетка, што Филозофски факултет во Скопје ја доделува по повод 100-годишнината од основањето на факултетот во знак на благодарност и задоволство кон лицата, организациите и институциите кои оставиле значаен белег во работата на факултетот.

 

 

Собранието на Република Северна Македонија е меѓу тие добитници и Претседателот Џафери изрази благодарност во тоа име.