Вести

Јункер бара од Британија итно да ја „разјасни својата позиција“ по Брексит

Сподели:

Luxembourg Prime Minister and Eurogroup President Jean-Claude Juncker leaves after the first of a two-day European Union summit on March 1, 2012 at the EU headquarters in Brussels. EU leaders cleared all but the final hurdles to an unprecedented new Greek bailout today as they began debating ways to turn the page on the debt crisis and inject fresh life into strained economies. AFP PHOTO / JOHN THYS

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, денеска во Брисел ја повика Велика Британија што е можно поскоро да ја „разјасни својата позиција“ по Брексит.

Јункер пред Европскиот парламент рече дека Британија и Европската Унија остануваат пријатели, но дека земјата мора да ја каже својата позиција за да се избегне неизвесноста.

„Мораме да ја разјасниме ситуацијата што е можно поскоро. Но, јас и понатаму сум тажен бидејќи не сум робот или сив бирократ и технократ. Јас сум Европеец и имам право да кажам оти жалам поради резултатот од гласањето во Британија“, изјавил Јункер, пренесува „Би-би-си“.

Претседателот на ЕК, исто така, ги повторил коментарите на лидерите на Франција, Германија и на Италија дека не може да има неформални преговори сè додека Британија не го почне процесот за излез од Унијата.

„Не смееме да си дозволиме долг период на неизвесност. Не смее да има тајни преговори. Без известување, нема преговори“, додал Јункер.

Тој рекол дека „волјата на британскиот народ мора да се почитува“ и предизвикал аплауз од лидерот на Партијата за независност на Британија, Најџел Фараж, кој ја водеше референдумската кампања за излез на земјата од Европската Унија.

„Ти се бореше за излегување, британскиот народ гласаше во корист на излегувањето. Што бараш тука?“, му се обратил Јункер на Фараж.

Британскиот премиер, Дејвид Камерон, денеска треба да се сретне со лидерите на Европската Унија. Станува збор за прва средба по референдумот во четвртокот минатата недела, на кој граѓаните на Британија гласаа за напуштање на Унијата.

Камерон најави дека во октомври ќе се повлече од фукнкцијата и преговорите за излегување од Унијата ќе му ги препушти на неговиот наследник.

Следниот премиер треба да го активира членот 50 од Лисабонскиот договор, со кој е регулиран формалниот метод за излегување од ЕУ.

мета.мк

Сподели: