Спорт

Кака е најплатен фудбалер во американската МЛС лига! Колку заработува?

Сподели:

Бразилецот Рикардо Кака е фудбалерот со најголеми примања во американската МЛС лига во САД.

кака

Поранешната ѕвезда на Милан и Реал Мадрид кој ги брани боите на Орландо, има примања од 7.16 милиони долари, а зад него следува дуото на Торонто Себастијан Џовинко и Мајкл Бредли, со 7.11 милиони односно 6.5 милиони долари.

Стивен Џерард  и Френк Лампард се на четвртото и петтото место, со 6,13 милиони долари, односно 6 милиони долари.

Помеѓу десетте најплатен играчи се и Андреа Пирло со 5,91 милион долари, Давид Виља со 5,61 милион долари, Џози Алтидор 4,8 милиони долари, Клинт Демпси со 4,6 милиони долари и Џовани дос Сантос со 4,25 милиони долари по сезона.

The post Кака е најплатен фудбалер во американската МЛС лига! Колку заработува? appeared first on Спорти.


Source: Sporty

Сподели: