Порто не успеа да го донесе, Жорге Жезус останува тренер на Спортинг!

Сподели

Вицешампионот на Португалија тимот на Спортинг Лисабон ја продолжи соработката со тренерот Жорге Жезус до 2019 година.

jesus

На тој начин тој ги отфрли сите шпекулации, кои го поврзуваа со ангажман во Порто кое беше подготвено да му понуди 7.5 милиони евра по сезона.

Сепак искусниот Жезус, на крајот се одлучи да остане во Спортинг, а претходно ја водеше екипата на Бенфика шест сезони кои и оваа година станаа шампиони на Португалија во една од најнеизвесните сезона.

Минатото лето Жезус седна на столчето на тимот од Лисабон, а оваа сезона, Спортинг заврши на втората позиција со 86 бода, два помалку од шампионот Бенфика.

jesus1

The post Порто не успеа да го донесе, Жорге Жезус останува тренер на Спортинг! appeared first on Спорти.


Source: Sporty