Вести Македонија Ударни вести

Камчев бара пасош – Стефанова до Кривичен со негативно мислење

Сподели:

 

Лиле Стефанова, поранешната специјална обвинителка, не се согласува Орце Камчев да добие привремен документ со кој би патувал во странство поради бизнис средби. До Кривичниот суд е препратено негативно мислење на барањето на Камчев, потврдуваат од Обвинителството.

Камчев побара од судот нов привремен пасош, бидејќи претходниот, што го доби од поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и беше со важност од 6 месеци му истече пред неколку дена.

Во барањето тој навел дека му треба за патување на закажани бизнис состаноци надвор од земјава. За барањето на Камчев одлучува обвинителката Стефанова која го води случајот Империја и по преземањето на предметите на СЈО од страна на ЈО.

Сподели: