Камчев: Максимално сме отворени и транспарентни за секој инспекциски надзор

Сподели

„Би сакал да ја информирам јавноста дека како сопственик на повеќе компании во Македонија, кои вработуваат над 3.000 лица, максимално сме отворени и транспарентни за секој инспекциски надзор.

Компаниите во кои сум сопственик со целосна одговорност изјавувам дека ги почитуваат позитивните законски прописи во Република Македонија, и токму поради тоа верувам дека многу брзо ќе се отстрани секаков сомнеж околу нивното работење.

Отворени сме за соработка со СЈО, како и со сите други државни институции во земјава, а пред се во интерес на одржување квалитетна бизнис клима и економски просперитет во земјава“, се наведува во изјавата на Камчев до медиумите, во врска со најновата истрага на СЈО, „Империја“ и по денешниот инспекциски надзор во дел од фирмите поврзани со „Орка Холдинг“.