По повод педесетгодишнината од основањето на Општина Карпош, во хотелот „Александар Палас“, се одржа реномираниот шаховски турнир „Карпош Рапид“ 2026.

На него учествуваа околу 150 учесници, од осум земји, кои се натпреваруваа во најдревната игра. Освен македонски шахисти, на турнирот настапуваа и натпреварувачи од соседните држави: Србија, Албанија, Бугарија, Грција и Косово. Исто така германски и словачки шахисти, со своето шаховско знаење и умеење го збогатија овој спортски турнир кој се одржува на територијата на општина Карпош.

Градоначалникот на Општината, Сотир Лукровски, го прогласи турнирот за отворен, ги поздрави сите учесници и истакна дека шаховскиот турнир е одлична можност за интернационална промоција на Општина Карпош:
-Ми претставува исклучителна чест, што нашиот Карпош е покровител на овој меѓународен реномиран шаховски турнир. Шахот, како што велат е најдревната игра, затоа ние како локална самоуправа, преку овој „интелектуален“ спорт, сакаме да ги развиваме умствените капацитети и на нашите ученици, но и на нашите сограѓани. По тој повод, Општина Карпош, во иднина, ќе вложува финансиски и логистички средства за поголема афирмација на шахот, особено кај младите карпошани, нагласи Лукровски.
По долго надмудрување на шаховската табла, најдобар резултат постигна Словакот, Војчек Плат, кој го освои овогодишниот турнир „Карпош Рапид“ 2026. Второто место го обезбеди Македонецот Никола Николовски, додека пак неговиот сонародник Антон Златков, се најде на третата позиција.
Победничкиот пехар, медалите и наградите на најдобропласираните шахисти им ги врачи претседателот на Совет на Општина Карпош, Христо Саракинов. Покрај тројцата најдобри шахисти на турнирот, парични награди добија и играчите од следните категории:
- Најдобра не наградена жена
- Најдобар млад играч до 18 години
- Најдобар ветеран од 65 години и постари
- Најдобар играч без титула до 2100 рејтинг поени и
- Најдобар играч без титула до 1900 рејтинг поени,


