Власта одби амандман на Левица за градинки-парите ќе одат за оружје

Сподели:

На Комисијата за финансирање и буџет, пратеникот и потпретседател на Левица, м-р Реџеп Исмаил – ХАКТАН, побара дел од средствата предвидени за набавка на оружје да се пренаменат за зголемување на капацитетите во предучилишното згрижување.

Во Скопје околу четири илјади деца чекаат за упис во градинки. Во група има по 35 до 40 деца со само една негувателка – тоа е неприфатливо, истакна пратеникот од Левица.

Тој додаде дека со години запоставениот систем ги тера родителите да ги носат своите деца во приватни градинки, иако државата треба да обезбеди јавна, достапна и квалитетна услуга. „Наместо да ги стимулираме младите брачни парови да основаат семејство, ние ги дестимулираме“ посочи тој, предупредувајќи дека ова е и демографски проблем.

И покрај образложението и јасните податоци, власта предводена од ДПМНЕ го одби и овој амандман на Левица.

Хактан порача дека вложувањето во ран детски развој мора да стане приоритет: „Конечно треба да воспоставиме баланс меѓу реалните социјални потреби и огромните средства што ги планирате за купување оружје.“

Сподели: