Општина Чаир ќе постави контејнери за органски отпад за Курбан Бајрам

Сподели

 

Во Општина Чаир, Јавното претпријатие Комунална хигиена – Скопје ќе постави 4 специјални контејнери за органски отпад за време на празникот Курбан Бајрам.

Поставувањето на контејнерите ќе се реализира на 19.07.2021 година на следните локации во Општина Чаир:

-Поранешна локација на ЈПКХС(Поранешна Комунална хигиена)

-Во близина на ресторанот “Фа-Фа“

-Новата Џамија во Чаир

-Во близина на Теќето во Дуќанџик.

Бидејќи сме во периодот на високи температури и услови на пандемијата „Ковид 19“, доколку отпадот го фрлиме во посебни контејнери ќе дадеме голем придонес во заштитата на здравјето и зачувувањето на животната средина.