Капитол Мол слави 10 години

Сподели

 

Во екот на сите предновогодишни настани и случувања, Капитол Мол подготви поинакво празнично доживување. По повод 10 години постоење, тимот на Капитол Мол ве кани на заедничка прослава и ја отвара сезоната на подарување. Роденденската атмосфера во трговскиот центар ќе биде збогатена со разновидна интерактивна програма за дечиња, големи празнични попусти и изненадувања за сите посетители.

Во текот на целиот ден ќе владее роденденски дух и секој ќе може да ужива во поволностите кои ги нуди Капитол Мол, но вистинската забава започнува денес, (12.12.2023), во 18:00 часот и ќе трае до 21:30 часот.

 

Затоа, понесете позитивна енергија со Вас и бидете дел од големата јубилејна роденденска прослава на Капитол Мол.

 

Роденденската програма ќе започне во 18:00 часот со „Роденденски меурчиња и насмевки“, едночасовно интерактивно шоу со џиновски меурчиња. Веднаш потоа од 19:30 до 20:30 часот ве покануваме на „Роденденска забава со поточиња и Поки“. За вистинско празнично доживување ќе ве очекува и „Роденденско магионичарско шоу“ со почеток од 20:30 часот, а јаготка на шлагот ќе биде роденденскиот „Treasure Hunt“ во 21:00 часот.

Сите роденденски активности ќе се одржат на втор кат во Капитол Мол.

Посетете нѐ и дозволете ни да создаваме нови заеднички спомени. Твој мол, твое место – 10 години заедно со Вас.