Каракачанов: Господине Заев, не ја злоупотребувајте темата за македонскиот јазик. Тоа може да ве чини членство во ЕУ и во НАТО

Сподели

Бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов, му порача на Зоран Заев да не ја злоупотребува темата за македонскиот јазик, за да не се прости неговата земја со можноста за членство во ЕУ и НАТО, соопшти денеска прес-центарот на бугарското ВМРО-БНД и го пренесе бугарскиот портал Њуз.бг.

-“Господине Заев, не ја злоупотребувајте темата за македонскиот јазик. Тоа може да ве чини членство во ЕУ и во НАТО”, – изјави Каракачанов.

„Северна Македонија е географска ознака, што вклучува и сегашни територии од Република Бугарија. Г-дин Заев со овој распон утре може да побара, целосно идентичен бугарски дијалект да се учи како официјален странски јазик и кај нас. Тоа е недозволиво. Тоа е провокација “, рече Каракачанов. Работата на бугарско-македонската комисија за историски прашања „оди во насока која не е во корист на историската вистина” и изразува загриженост од фактот што една ипол година по потпишувањето на Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија не е претставен „список на учебници од македонска страна во кои според тврдењата има националистички, реваншистички, авторитарни тврдења кои ја претставуваат Македонија како новоослободена бугарска земја и се против интересите на македонското општество”.

Реакцијата доаѓа по изјавата на Зоран Заев пред парламентот на Македонија, во кое наведува дека Преспански договор со Грција признава постоење на македонски јазик и дека никој нема право да го оспори тоа.