Кастриот Реџепи: Деталите ќе ги откријам во понеделник на прес-конференција

Сподели

 

Кастриот Реџепи, пратеникот од Движењето БЕСА кој вчера „исчезна“, денеска се огласи преку нов фејсбук статус .

Тој најави дека во понеделник ќе одржи прес-конференција и дека детално ќе информира за последните настани и за неговите ставови, но и ја повика Беса да не избрзува со потезите за да не им нанесе штета на партиските структури.

“Почитувани пријатели и членови на семејството, без оглед на вашите политички убедувања, Ви благодарам за грижата и поддршката што ми ја давате. Во наредните денови ќе имате можност да дознаете подиректно за се. Што се однесува до медиумите и големиот интерес, ги информирам дека моето прво појавување ќе биде во понеделник преку прес-конференција, напиша на својот фејсбук профил, Кастриот Реџепи.

И координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески вчера изјави дека пратеникот Реџепи имал закани од тие што обвинуваа дека СДСМ и ДУИ му се заканувале, но дека в понеделник тој ќе каже се.