Вести Свет Ударни вести

Каталонија подготвена на непослушност кон наредбите на централната власт во Мадрид

Сподели:

 

Властите во Шпанскиот автономен регион Каталонија нема да ги почитуваат наредбите дадени од централната влада во Мадрид, изјави портпаролот нa Министерството за надворешни работи на регионалната власт во Каталонија за Би-Би-Си.

– Сите институции, вклучувајќи ја и полицијата, треба да ги следат инструкциите од демократски избраната власт на Каталонија – изјави Ромева за „Би-би-си“. Тој додаде дека не може да верува во демократијата на Европска Унија, доколку Унијата дозволи Мадрид да воведе директна управа во Каталонија.

Во Барселона, јасно е дека централната власт делува против волјата на Каталонците. И додека шпанскиот премиер Маријано Рахој ги објави плановите за суспендирање на автономните права на регионот, каталонските власти бараат дијалог.

Портпаролката на владата на Шпанија, Сораја Саенз де Снтамарија, во меѓувреме рече дека Мадрид немал никакви контакти со регионалната влада на Каталонија од 21 октомври. Таа додаде дека владата на Шпанија би можела да избере еден претставник кој привремено ќе управува со Каталонија.

 

 

Сподели: