Катастрофолен земјотрес во Турција и Сирија

Сподели

 

Земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистриран во Турција во близина на границата со Сирија.

Според првичните информации на светските агенции, бројот на загинати постојано расте, и дека само во Турција се над 280 загинати. Бројот на жртви во северозападна Сирија пак е уште повисок – државната новинска агенција Сана јави за повеќе од 230 мртви и 600 повредени.

 

https://youtu.be/dP5vaGOBOOw

 

Спасувачките екипи и граѓани волонтери без престан трагаат по преживеани под рушевините во повеќе градови.

Епицентарот на земјотресот, кој се почувствувал и во Каиро, бил северно од Газиантеп во подрачјето на околу 90 километри од границата со Сирија.

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган на социјалните мрежи напиша дека во подрачјата погодени во земјотресот, веднаш се испратени спасувачки екипи.