Вести Македонија Ударни вести

Кацарска ги отстрани и казни адвокатите на обвинетите за 27. април

Сподели:

Над 20 адвокати на обвинетите од 27. април се казнети со по 1000 евра и отстранети од судењето. Судијката Добрила Кацарска се решила на ваков потег поради реакција, откако ги казни им го одзема правото да ги бранат обвинетите бидејќи го нарушувале редот и мирот во судницата.

Сега Судот на обвинетите ќе им назначи бранители по службена должност со оглед на тоа што на досегашните бранители им е одземено правото да ги застапуваат.

Адвокатите реагираа дека е брутално кршење на нивните права, а обвинителката Вилма Рускоска порачува дека во истата судница се сослушувале и други загрозени сведоци и дека ова не е прв случај.

Според адвокатот Звонко Давидовиќ, судијката Кацарска ги казнила адвокатите поради попречување на текот на судскиот процес, што според нив не било попречување, туку поплаки дека не може да работат стоечки и не може да фаќаат белешки на колена.

 

Сподели: