Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги следи информациите во врска со случувањата во затворот ‘Скопје’ и по добивање на идентитетот на инволвираните лица ќе постапи во рамките на своите надлежности за што јавноста ќе биде навремено информирана“, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.
Ова следува откако во јавноста излегоа фотографии од возачот Васил Јованов, кој на Партизанска ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова, како држи телефон во раката додека е во притвор во затворот „Скопје“.
Директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов вчера порача дека мобилниот телефон веднаш му е одземен, а извршен е претрес во сите ќелии и осомничениот Јованов е преместен во самица.
“Направен е претрес, одземен е тој телефон, а притоа одземени се и други телефони. Направени се претреси во повеќе ќелии и се прави истрага кој е тој полицаец кој го дал телефонот, иако мојот сомнеж е дека не е еден, туку повеќе кои го тераат тоа како бизнис. Како нова власт имаме фатено доста такви, но за жал, се уште има такви” – изјави Пандов.
Инаку, Јованов го набавил телефонот од притвореник кој издржува притвор во затворот во Шутка. Услугата чинела 250 евра.
Ќе следува и истрага и санкции за корумпираните службеници кои што му го дале мобилниот телефон.
