Вести Македонија Ударни вести

Владата ќе ја одржи редовната 106-та седница

Сподели:

 

Владата денеска, со почеток во 12:00 часот, ќе ја одржи редовната 106-та седница со повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.
 
На седницата, согласно дневниот ред, на предлог на Министерството за надворешни работи ќе биде разгледан Предлог на закон за ратификација на измените и дополнувањата на Договорот за слободна трговија меѓу Република Северна Македонија и ЕФТА државите, според кој Министерството за  економија, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за финансии-Царинска управа се определуваат како надлежни органи на државната управа што ќе се грижат за извршување на измените и дополнувањата на Договорот.

Покрај другото, на седницата, пред министрите за разгледување  ќе се најдат и информации за проекти на одделни министерства, како и извештаи за работењето на повеќе јавни претпријатија и трговски друштва во државна сопственост, согласно обврските за редовно доставување до Владата и со цел поголема транспарентност во работењето.

Сподели: