Киелце направи голем пресврт против Веспрем и стана за првпат европски шампион во ракомет!

Сподели

Ракометарите на полски Киелце се сензационални освојувачи на ракометната Лига на шампиони.

лијевски

Тие во финалето на фајнл-фор турнирот што се одржа во Келн со голем пресврт го победија фаворизираниот тим на Веспрем дури по пенал рулетот со 39-38.

Натпреварот во регуларниот дел заврши со резултат 29-29, а по продолженијата беше 35-35.

Киелце во своето прво учество во финалето ја освои првата титула во клупската историја. До 46-та минута не се невестуваше дека до крајот ќе се случува вистинска драма.

лијевски1

Веспрем до таа минута ги контролираше случувањата на теренот, имаше предност од високи 9 гола предност 28-19, но со неколку избрзани удари и нерезонски акции му дозволија на Киелце до крајот серија од 10-1, а продолженија избори Лијевски кој израмни на 29-29 на 4 секунди до крајот на мечот.

Киелце можеше да обезбеди триумф уште во регуларниот дел од мечот, но Алиловиќ во последните 90 секунди успеа да одбрани два седмерци на Бјелецки, Штрлек.

Во продолженијата Веспрем со голот на Угалде во последната секунда се избори за седмерци.

киелце веспрем киелце2

При изведувањето на седмерците Маргуч и Терзиќ не реалзиираа за Веспрем, Шмал му одбрани пенал на Словенецот, а  Шего на репрезентативецот на БиХ, додека кај Киелце не реализираше само Чупиќ.

Рајхман со 9 голови го предводеше новиот европски првак, додека Лијевски и Бјелецки постигнаа по 6 гола. Кај Веспрем Угалде постигна 7 гола.

Во малото финале и борбата за трето место на турнирот, ПСЖ го победи Кил со 29-27.

Инсерти од мечот…

[youtube https://www.youtube.com/watch?v=MY57AAOfqv8]

The post Киелце направи голем пресврт против Веспрем и стана за првпат европски шампион во ракомет! appeared first on Спорти.


Source: Sporty