Вести Македонија Спорт Ударни вести

Златен медал за македонската таеквондистка Мила Рељиќ во Израел

Сподели:

 

Македонската таеквондистка Мила Рељиќ од клубот Тигри Скопје, освои златен медал во конкуренција сениорки -62 кг на меѓународниот натпревар „Винер Израел Опен“ од Г2 серијата.

На натпреварот турнирот учествуваа повеќе од 270 натпреварувачи од 25 земји во светот меѓу кои и САД, Кореа, Индија, Бразил, Шпанија, Германија, Велика Британија…

Во својата категорија Рељиќ на патот до златото ги победи и репрезентативката на Израел, Наама Биненсток а во финалната борба со доминација ја победи и бронзената од последните Панамерикански Игри, претставничката од Еквадор Мел Мина.

Ова е прв златен медал за 19 годишната Мила, која по освоениот бронзен медал во Загреб во јуни месец годинава ја докажа својата светска класа.

Тренерот на Мила, Александар Ефтимов најавува и нови успеси, на претстојното Европското клупско првенство од 22 – 26 август во Талин, Естонија, Европското првенство за млади до 21 година кое ќе биде крајот на месец септември во Албанија, како и на Светското првенство во ноември во Мексико.

Сподели: