Кина го пушти во сообраќај првиот товарен воз до Лондон

Сподели

Кина ja пушти прватa товарна железничка линија кон Лондон, од својата источна провинција Жејанг, јави агенцијата Xinhua.

Возот тргнува од кинескиот град Јиву, а по повеќе од 12.000 километри, за 18 дена ќе стигне во Лондон.

На тој пат ќе помине низ Казахстан, Русија, Белорусија, Полска, Германија, Белгија и Франција.

Иницијативата Лондон да стане влезна порта на Запад за кинеските инвестиции ја покрена поранешниот британски премиер Дејвид Камерон, пренесе AFP.

Актуелната премиерка Тереза Меј рече дека односите со Кина се „златни“ и се обидува да привлече кинески инвестиции вредни милијарди евра во време кога Британија се подготвува да излезе од Европската унија.