Вести Свет

КИНА: Обединети пет државни медиумски куќи за „модерна медиумска група за финансиски вести”

Сподели:

Кина ќе обедини пет државни медиумски куќи и ќе направи „модерна медиумска група за финансиски вести“. Со тоа би се зајакнал гласот на државата во медиумското следење економски и финансиски информации, јави Синхуа.

Кинеската влада дала дозвола Синхуа да ги преземе медиумските компании Чајна Секјурити Џорнал, Шангај Секјурити Њуз, Економик Информејшн Дејли, Синхуа Паблишинг Груп, и да основа нова компанија под име – Чајна Форчен Медиа Корпорејшн Груп.

Потегот е со цел „продлабочување на реформите на централните власти во секторот култура“ и „јакнење на влијанието на мејнстрим медиумите во областа на финансиските информации“, се вели во соопштение на Синхуа.

Новата медиумска компанија ќе биде фокусирана на финансиски вести и ќе биде основана следната недела во Пекинг.

Сподели: