Алтернатива Настани

Кинотека: ” ДВОЕН ЖИВОТ” (Doubles vies / Non-Fiction)

 

Кинотека, ” ДВОЕН ЖИВОТ” (Doubles vies / Non-Fiction) Игран филм, Франција, 12 НОЕМВРИ (ВТОРНИК), 18:00 ч.

2018, 108 мин., колор, ДЦП

Режија: Оливие Асаја (Olivier Assayas)

Сценарио: Оливие Асаја (Olivier Assayas)

Улоги: Гијом Кане, Жилиет Бинош, Винсент Макењ, Нора Хамзави (Guillaume Canet, Juliette Binoche, Vincent Macaigne, Nora Hamzawi)

Успешниот париски издавач Алан, кој се труди да се прилагоди во дигиталната револуција, се двоуми околу објавувањето на најновиот ракопис на својот долгогодишен пријател, Леонардо, боемски автор кој во своите раце има уште една автофикција за афера со славна личност. Додека се борат со својата средовечност, технолошките промени и односите со своите жени, издавачот и авторот се во поголеми проблеми отколку што претпоставуваат.

Возрасна категорија: 16 години

Влезница: 100 денари

Сподели: