Кинотека на Македонија: Недела на современ дански филм “ПРИРОДНО РАСТРОЈСТВО”

Сподели

Кинотека на Македонија, 
НЕДЕЛА НА СОВРЕМЕН ДАНСКИ ФИЛМ, ПРИРОДНО РАСТРОЈСТВО – 
(Naturens Uorden/Natural Disorder), 

8. ноември, 20.00 ч.

Документарен филм, Данска, 2015, 98 мин, колор, ДСП

Режија: Кристијан Сондерби Јепсен (Christian Sønderby Jepsen)

ПРИРОДНО РАСТРОЈСТВО е документарец за новинарот и комичар Јакоб Носел, кој боледува од церебрална парализа. Режисерот и писателот Јепсен го документира процесот на поставката на автобиографската драма на Носел на сцената на данскиот Кралски театар.

Преиспитувајќи ја сопствената интима, Јакоб Носел се осврнува на научниот свет и модерните етички прашања за евгениката (наука за проучување и практикување на селективното размножување кое се применува на луѓето, со цел да се подобри видот, но во поширока смисла, евгениката се занимава и со подобрување на човековите генетски особености). Какво право на живот има Јакоб?
Влезот е бесплатен