Алтернатива Настани

Кинотека на Македонија: „Скопје Синема Сити“

Сподели:

Во Кинотеката на Македонија од 15-ти до 19-ти јуни ќе се одржува третиот филмски фестивал за музички документарни филмови „Скопје Синема Сити“.

Фестивалот прикажува документарни филмови чијашто главна тема е музиката, без оглед на жанрот или годината на продукција.

Оваа година, фестивалот ќе му оддаде почест на германскиот бенд Крафтверк, пионерите на електронската музика, со чиј документарен филм „Поп Арт“ на режисерите Ханс Росашер и Симон Витер ќе биде отворен „Скопје Синема Сити“.

„Тоа што ќе следува во петте дена на фестивалот се музички филмови од светот на џез, поп, рок, електронската и класичната музика. На изминатите изданија Фестивалот почна соработка со британскиот национален сервис BBC, а оваа година таа соработка продолжува и понатаму, со нови филмови, а се отпочна соработка и со американскиот национален сервис PBS, се со цел за поразновидна и поквалитетна понуда“, соопштија организаторите на фестивалот.

Сподели: