Клековски во Словенија: Реформски планови во двата здравствени система

Сподели:

Министерот за здравство Сашо Клековски оствари средба со министерот за здравство на Република Словенија, д-р Тадеј Острц. Ова е прва работна посета на министерот Клековски во странство и негова прва средба со колега од друга држава.

На средбата беа разгледани состојбите, предизвиците и реформските планови во двата здравствени система, со посебен фокус на три теми:

• Национална диспечерска служба во здравството – со користење на искуството од Словенечкиот индекс за итна медицинска помош;

• Програми за рана детекција на рак;

• Управување со радиодијагностиката.

Двајцата министри се согласија разговорите да продолжат и за останатите реформски приоритети, како и за постојниот заеднички проект за реформа во областа на медицинските сестри.

Министерот Клековски ја истакна потребата од подобрена здравствена заштита за македонските студенти во Словенија, како и од проширување на можностите за размена на стручњаци и за лекување на пациенти.

Сподели: