Вести Македонија

Кочан останува на слобода, одбиена жалбата на СЈО

Сподели:

Кривичниот совет синоќа ја одби жалбата на Специјалното обвинителство покрената поради укинувањето на мерката притвор за бизнисменот Сеад Кочан, кој е првоосомничен во случјот „Труст“.

Обвинителите на СЈО, Гаврил Бубевски и Артан Ајро на вчера изнесоа аргументите дека постојат индиции Кочан да го повтори делото и оти гаранцијата од околу 900.000 евра и одземениот пасош не се доволна гаранција. Одбраната на Кочан, предводена од адвокатот Никола Додевски истакна дека гаранцијата е пракса на сите демократски држави, поради што СЈО нема причина повторно да бара притвор.

Судијата на претходна постапка минатата недела донесе одлука на Кочан да не му биде одреден притвор, туку тој да се брани од слобода со гаранција од околу 900.000 евра, да му биде одземен пасошот и обврска еднаш неделно да се јавува во судот. Кочан повеќе од два месеци не беше достапен за органите на прогонот, а се врати во Македонија веднаш по укинувањето на потерниците и на притворот.

Сподели: