Кој е најпродаваниот мобилен телефон во историјата?

Сподели

Кога денеска се зборува за популарни телефони, битката речиси секогаш е меѓу iPhone и Galaxy S моделите на Samsung. Овие две компании во моментот повторно се актуелни, Apple со iPhone 7, а Samsung со проблемите што ги има со батеријата на Note 7.

124423iconic-mobile-phones

Сепак, ниту еден од моделите на овие компании не е во врвот на листата на најпродавани телефони на сите времиња, ако се земат во предвид и паметните и стандардните мобилни телефони.

Најпродаваниот мобилен телефон во историјата е Nokia 1100. Можеби не ја достигна популарноста на Nokia 3310, но Nokia 1100 е продаден во повеќе од 250 милиони примероци. На пазарот се појави во 2003 година, а две години подоцна, Nokia со овој модел стигна до вкупно милијарда продадени модели со нивното лого.

Иако Nokia денеска практично не постои на пазарот на мобилни и паметни телефони, првите пет позиции и припаѓаат токму на оваа компанија. Покрај Nokia 1100, следуваат Nokia 1110, Nokia 3210, Nokia 1200 и Nokia 5230.

Извор:gsm.mk