Колку Мицкоски не е самостоен, најдобро се гледа од односот кон Црквата

Сподели:

Александар Вучиќ повторно ја отвори старата тема: „Црквата во Белград и во Скопје е една и иста.“ Директна порака. Директно мешање во автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Директно оспорување на македонскиот идентитет, реагираат од СДСМ.

А што направи Христијан Мицкоски? Со една реченица ја затвори темата. Рече дека не сака да коментира „изјави што личат на испади од минатиот век“ и дека треба да гледаме во иднината. Тоа е сè. Нема јасна одбрана на автокефалноста. Нема јасна порака дека МПЦ-ОА е самостојна и независна. Нема никаква острина кон оној што ја доведува во прашање.Ова не е државнички став туку став на човек кој знае каде му е местото во односот со Вучиќ.

Кога Вучиќ зборува за „една црква“, Мицкоски молчи или бега во општи фрази. Кога треба да се брани македонската црковна независност – премиерот избира да не се замеша.

Граѓаните јасно гледаа Мицкоски не е самостоен премиер. Тој е премиер што внимава што ќе каже за да не го налути својот ментор.Односот кон Црквата е само најновиот доказ.

Уште еден доказ за тоа е основањето на нови медиуми од „српскиот свет“, по сценарио на Латас и Ивона Талевска, кои треба да започнат со работа во септември.Целта е да се освои целокупниот македонски медиумски пазар и да се создаде целосен медиумски мрак. На граѓаните ќе им се сервираат само информации што се во интерес на Вучиќ и Мицкоски. Тоа ќе значи целосна медиумска заштита на криминалната организација, по целосното преземање и ставање под контрола на правосудниот систем и полицијата – процес на кој Европската комисија веќе одамна укажува.

На граѓаните им останува само едно: да не дозволат пропагандата да ја замени вистината. А за правда ќе мораат да почекаат уште малку. Доаѓа време кога граѓаните повторно ќе ја преземат власта во свои раце, велат од СДСМ.

Сподели: