Комесарот на ЕУ за проширување Вархели следната недела во Македонија

Сподели

 

Еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархели ќе допатува во Македонија на 15. јануари, на средба со политичкиот врв.

На средбите се очекува Бархели да разговара за новата методологија предложена од Франција и за текот на реформите, особено за донесувањето на Законот за јавно обвинителство.

Европската комисија ќе објави мини-извештај за Македонија и Албанија во февруари, а новата методологија, според најавите, се очекува да биде усвоена во март.

Еврокомесарот Вархели, минатиот месец рече дека пристапните преговори со Македонија и Албанија треба да почнат на пролет. Тој тогаш рече дека ЕУ треба да ја исправи грешката од октомври.