ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде ведро и доста студено, преку денот сончево со слаб северозападен ветер и со појава на магла по одделни котлини. Утринската температура ќе се движи од -11 до -2, а дневната од 4 до 11 степени.

Во Скопје наутро ведро и доста студено со појава на магла, преку денот сончево. Утринската температура ќе се спушти до -7, а дневната ќе достигне до 6 степени.

И во петок ќе се задржи стабилно време со појава на магла по одделни котлини. За време на викендот ќе има појава на зголемена облачност, на некои пониски места со повремен слаб дожд, а на планините слаб снег.