Комисијата за заразни болести до утре ќе достави мерки за ефикасно спречување на ширењето на коронавирусот

Сподели

 

Владата на денешната седница го разгледа и усвои записникот од 69-тиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирусот КОВИД-19, и донесе заклучок Комисијата за заразни болести, врз основа на анализата и сознанијата за актуелната состојба, до првата наредна седница, односно до утре, да достави препораки за да бидат донесени мерки за брзо и ефикасно спречување на ширењето на коронавирусот согласно показателите од теренот.