ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето денес во Македонија ќе биде умерено облачно со слаб до умерен северозападен ветер, кој вдолж Повардарието ќе се засилува.

Кон крајот на денот и вo четврток претпладне ќе има локални врнежи претежно од снег, кои повеќе ќе бидат застапени во западните делови. Температурата ќе се движи од 3 до 11 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе достигне до 7 степени.

Во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво, од петок по котлините и по речните долини ќе има појава на магла и ниска облачност.