Филипче: Вториов бран е поради непочитување на мерките

Сподели

 

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека апсолутно не чувствува одговорност за зголемување на бројот на носители на коронавирусот по олабавување на мерките од страна на Владата.

– Апсолутно не. Сите мерки кои ги предлагавме до Владата беа издржани и аргументирани со многу параметри на дневна основа и на тие анализи кои се прават за период од две недели. Така се прави и кривата на преносливост и анализите и проценките како ќе се одвиваат натаму бројките. Секогаш има еден фактор што не може да се предвиди, а тоа беше што ова сега се случи, односно непочитувањето на мерките во рамки на некои настани – рече Филипче на прес-конференција.

Новата бројка на заболени, како што кажа, е резултат на семејни собири и прослави во период од 23-25 мај, а тоа е јасно стои во епидемиолошките прашалници.

– Огромен број луѓе веднаш кажуваат каде се движеле кога биле на гости колку чести биле тие контакти за време на семејните посети. Рестрикцијата на движење очигледно тогаш не се почитувала исто како и превентивните мерки за дистанца и носење маски – изјави Филипче.