Колумна Текстови

Кому му припаѓа политичкото срце на административците? – Џабир ДЕРАЛА

Сподели:

Во пресрет на уште еден политички земјотрес каков што ќе бидат претседателските избори, да не зборуваме за можноста од предвремена парламентарна општа тепачка, добро прашање е колку гласачи во Македонија се, всушност, платени за својот глас со пари. Ова прашање, со други зборови, се однесува на тоа колку е департизиран системот, односно администрацијата.

Важно е да знаеме колку и на кој начин, оние што зависат од државната каса, ќе гласаат по своја волја или според уредно спакуваните партиски комуникации вткаени во системот. Има многу начини тие да бидат убедувани да гласаат вака или онака, што и не е најголемиот проблем. Тоа спаѓа во пропагандата што не е баш најчистиот бизнис во светот, како што добро знаеме.

Прашањето, значи, не е дали (одговорот е да), туку колку и на кој начин административците се условени својот глас да го чуваат за тие што непосредно ги потпишуваат налозите за исплата на нивните плати и придонеси. Тоа што парите доаѓаат од џебот на граѓанките и граѓаните најчесто се доживува како апстрактна ситуација, како што се третира јавниот простор – „ничие е, па му правиме што сакаме“.

Колумната на Џабир Дерала, во целост можете да ја прочитате тука

Сподели: