Спорт

Конечно радост за фудбалска Македонија, победен Азербејџан со 3-1

Сподели:

Фудбалската репрезентација на Македонија, во пријателски натпревар, во австриски Бад Ерлах, славеше над Азербејџан со 3-1.

makedonija

Македонија до победата дојде со головите на Радески во 20-та, Пандев во 30-та и Нестовроски во 92-та минута, додека голот за Азербејџан го постигна Исмаилов од пенал во 73-та минута.

На овој натпревар, селекторот Ангеловски се реши да и даде шанса на неколкумина играчи од младата репрезентација, во А селекцијата дебитираа Најденов, Георгиев, Пешевски, својот прв гол за сениорите го постигна Радески, а Пандев го постигна првиот гол по враќањето во националниот тим, вкупно 27-ми во репрезентативниот дрес.

Македонија во овој период ќе одигра уште еден контролен меч, против Иран на 2.јуни во Скопје.

Инсерти од мечот одигран во Австрија…

[youtube https://www.youtube.com/watch?v=wrScqOuAKDs]

The post Конечно радост за фудбалска Македонија, победен Азербејџан со 3-1 appeared first on Спорти.


Source: Sporty

Сподели: