Kонференција „Македонски перспективи: Како до Европа?“

Сподели

Со 22 говорнички и говорници во агендата и со пријавиени дополнителни десетина дискусии, конференцијата „Македонски перспективи: Како до Европа?“ ветува настан што ќе придонесе кон јавната дискусија на најважните теми за македонското општество. Организаторите од ЦИВИЛ и МЦМС очекуваат ова да биде дискусија заснована на факти и слободно изразени ставови, но и стратегии за македонската иднина воопшто.
Премиерот Зоран Заев, повеќе амбасадори на земји членки на ЕУ, партиски лидери, експерти и претставници на граѓанското општество ќе говорат за важни аспекти на македонските перспективи, искуствата, задачите, предизвиците и придобивките од интеграциите во ЕУ и НАТО, за спогодбата со Грција и потребата од градење добрососедство.
„Оваа конференција е во силен контраст со неаргументираните и неартикулираните јавни испади и инциденти на кои посведочивме во изминатиот период. Одлучивме да дадеме придонес кон процесите и да ги поддржиме стратешките одлуки кои треба да ги донесат храбри, модерни и мудри лидери. Но, улогата на граѓанките и граѓаните е пресудна и тие мора да бидат дел од процесот на носењето на тие одлуки. Затоа, важно е да бидеме информирани, а не манипулирани. Со оваа конференција им даваме предност на политичкиот дијалог и на дискусијата заснована на факти, наспроти насилството, говорот на омразата и лажните вести“ – изјави Џабир Дерала, ЦИВИЛ.
Конференцијата е дел од проектот „Слободни медиуми за слободно општество“ што ЦИВИЛ го спроведува со поддршка на Федералното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија.
 
Преземете ја агендата ТУКА.