Конкурс за најдобра Стрип Корица на меѓународниот фестивал СТРИП ТРИП

Сподели:

Прв конкурс за најдобра Стрип Корица на меѓународниот фестивал СТРИП ТРИП! Прв конкурс на единствениот македонски стрип фестивал кој ќе се одржи на 8-ми и 9-ти јуни во МКЦ Скопје.

Детали за конкурсот:

Тема: „Самураи во Твојот Град“ , а зошто баш оваа тема? Ќе дознаете наскоро!

Формат: Стрип Корица

Димензии: По сопствен избор, но сугерираме А3 на 300 dpi

Возраст: Нема ограничување

Адреси за праќање на дела за конкурс:makstripovi.ngo@gmail.com илиЗдружение “Макстрипови”

Ул. 13 Јули, бр. 1. 1000 Скопје

Рок за испраќање: Заклучно со 26 Мај 2024 година

Награди: Парични и непарични, поддржани од Стрип книжарница Бункер

Селектираните дела ќе добијат своја изложба во рамки на фестивалот, кога и ќе се прогласат победниците.

За сите прашања и дополнителни информации, пратете ни порака на овој профил или на makstripovi.ngo@gmail.com

Сподели: